Home Актуелно Вторник носи облачно и поладно време

Вторник носи облачно и поладно време

Денеска, вторник, 12 февруари, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено со повремен локален снеr, особено на запад и претежно претпладне. Ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на југозапад.

Максималните дневни температури ќе се движат од 0 Целзиусови степени во Маврово, 2 во Берово, Крива Паланка 3, Охрид 4, до 5 во Скопје и Прилеп, 6 во Кавадарци и 9 степени во Дојран.

Прогнозата за утре е променливо облачно со локални слаби врнежи од снег претежно на северозапад. Ќе дува засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во Маврово и Берово -1, 1 во Прилеп, 2 во Крива Паланка, Скопје и Охрид 3, Кавадарци 4 и 6 степени во Дојран.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…