Вторничка временска прогноза – претпладне сонце, попладне услови за дожд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денешниот деветнаесетти септемвриски ден, вторник, во Македонија времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд.

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност. На места повремено ќе има зголемена облачност со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 24 до 31 Целзиусов степен.