Вторничка временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на ситен град.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, услови за краткотрајно невреме и дневна температура до 20 Целзиусови степени. Маврово 12, Охрид 18, Битола 20, Крива Паланка 17, Берово 15, Кавадарци и Дојран 22.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови.

Во Скопје променливо облачно со врнежи од дожд, во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 8 до 20 степени.