Дедо Петар: Јас не сум против жените, туку против оние кои го менуваат полот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Владиката Петар тврди дека неговата изјава за жените била извадена од контекст.

„Мојата изјава беше извадена од контекст, бидејќи јас зборував само за оние лица што го меуваат полот, односно за трансродовите лица, а не за жените“, рече митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар во вечерашното гостување на Топ тема на Телма.

– Треба да се почитува тоа што го создал Господ. Машкото треба да си биде машко, а женското треба да си биде женско. За разводите на браковите, пак, сметам дека најголемата вина ја имаат мажите, оти тие си ги изневеруваат жените. Според црквата, жената треба да биде одвоена од мажот, а не разведена. Не мора да бидат заедно, но не мора да се разведат. Ние ги разведуваме жените и мажите кога ќе побараат, но треба да утврдиме зошто е побаран разводот. Кој е виновникот за разводот? Зборувам за црковниот суд, не граѓанскиот. Црковниот суд разведува или не разведува – рече владиката.

Во однос на неговите коментари кои ги разгневија феминистките дека жените често кога сакаат да докажат дека имаат еднакви права, ја запоставуваат својата улога на жена и мајка, митрополитот Петар посочи:

– Има жени кои сакаат да имаат кариера и заради кариерата која сакаат да ја имаат, земаат контрацептивни средства и не сакаат да родат дете. Втората работа е дека има жени кои заради тоа што сакаат да уживаат во половите односи, не сакаат да раѓат деца, па затоа ќе ги абортираат. Проблемот е во тоа дека заради кариера, не сака да биде мајка. Заради кариера не сака да забремени – рече г. Петар.

Тој одби да одговори кој ќе ја финансира телевизијата која ќе почне да зрачи од први мај, но откри дека 50 отсто од програмата ќе биде со забавен карактер, 30 отсто со образовен документарен, дека ќе има и политичка содржина.

-Тоа да не го интересира никого, ниту мене ме интересира кој вас ве финасира. Битно е дека се чисти пари, не се перени. Не сакам да се мешам никому во егзистенцијата и начинот на кој си ја уредува телевизија, ни мене да не ми се мешаат, луѓето свој леб јадат, туѓо гајле берат. Ако вие се плашите од конкуренција, тоа е ваш проблем – рече владиката.

Митрополитот Петар го откри и конечното име на телевизијата: Вистел, односно „вистинска телевизија“.