Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денешниот вторник, 18. мај, времето во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје, во утринските и претпладневните часови променливо облачно со повремен слаб дожд. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 Целзиусови степени. Маврово 13, Охрид 20, Битола 24, Крива Паланка 19, Берово 20, Кавадарци 26, Дојран 27.

Утре ќе биде стабилно со засилен југозападен ветер. Во четврток и петок ќе преовладува променливо облачно и свежо време со слаб локален дожд и засилен северен ветер. Стабилно и потопло се очекува за време на викендот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…