Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денес, вторник, 22 септември, времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови во западните делови ќе се зголеми облачноста и ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Наутро ќе биде доста свежо. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 30 степени.

Во Скопје претпладне ќе е сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на краткотарен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени. Во Маврово 20, Охрид и Берово 24, Битола 25, Крива Паланка 26, Битола 28, Дојран 30.

Од утре следува период со повремено зголемена облачност. Во попладневните и вечерните часови, особено утре и во среда ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи позастапени во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер најинтнзивен за време на викендот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…