Вторничка временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес во Македонија ќе имаме променливо облачно и нестабилно време. На повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороеон дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа и во следните денови во текот на претпладневните часови ќе имаме повеќе сончеви периоди. Од пладневните часови па натаму локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.