Home Актуелно Втора група авганистански бегалци попладнево ќе пристигнат во Македонија

Втора група авганистански бегалци попладнево ќе пристигнат во Македонија

Втора група бегалци од Авганистан се очекува попладнево да пристигнат на Меѓународниот аеродром во Скопје, откако минатиот месец Талибанците ја соборија владата во Кабул поддржана од Западот.

Како што соопшти македонската Влада, Авганистанците после 16 часот ќе пристигнат на аеродромот во Скопје.

Првата група од 149 луѓе пристигнаа на 31 август, а станува збор за лица што работеле во меѓународни организации.

Првата група Авганистанци пристигна во Скопје, трудница итно однесена во болница
Авганистанците во земјава ќе останат привремено додека не заминат во САД или во трета земја како нивна крајна дестинација, информираше Владата.

Трошокот на сместување е на САД и на меѓународните органиозации во кои работат.

Десетици илјади Авганистанци, плашејќи се од одмазда и репресија, ја напуштија земјата откако Талибанците ја преземаа власта во земјата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…