Втор, одлучувачки круг од претседателските избори 2019


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


1.808.131 граѓани со право на глас од Република Северна Македонија денес ќе бираат претседател на републиката во вториот круг од шестите претседателски избори откако земјава прогласи независност.

Гласањето го спроведуваат 80 општински изборни комисии на 3.480 избирачки места. Гласачките места се отворeни од 7 часот, а ќе се затворат во 19 часот. Ако се доцнело со почеток на гласањето, гласањето продолжува за онолку време колку што се задоцнило.

Победува еден од двајцата кандидати, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, што добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи. Ако и во вториот круг ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број гласови, се повторува целата изборна постапка, согласно Изборниот законик.

На денот на одржувањето на вториот круг од Претседателските избори и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид и Ново Село, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија: 0800-54321 која ќе функција од 7:00 до 19:00 часор во канцеларијата на Народниoт правобранител.