Home Актуелно Времето претпладне облачно, а попладне разведрување

Времето претпладне облачно, а попладне разведрување

Денеска времето во земјава ќе биде повремено облачно, со појава на магла во котлините и слаб до умерен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието.

Температурите утрово се движат од 4 до 9 степени, а во текот на денот тие ќе се искачат од 12 до 18 степени.

Во Скопје, слично време. Утрово со појава на магла, која попладне ќе се расчисти и ќе има повеќе сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 7 степени, додека во текот на денот таа ќе се искачи до 15.

Од утре не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Тие се очекува да бидат пообилни во среда и четврток, што ќе донесе и намалување на температурите, а на планините врнежите се очекува да преминат во снег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…