Home Актуелно Временска прогноза за првиот мајски понеделник

Временска прогноза за првиот мајски понеделник

Денес, четврти мај, во Македонија времето ќе биде променливо облачно и ветровито наместа со услови за појава на краткотраен дожд.

Ќе продолжи да дува повремено силен северен ветер (над 70 км/час) особено изразен во поширокото Повардарие и на истокот. Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната ќе достигне од 13 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 20 степен.

Според Управата за хидрометеролошки работи, во следните денови времето ќе биде постабилно освен во среда кога ќе има појава на умерен до повремено пороен дожд и услови за грмежи. Тогаш поради студен воздушен бран температурите ќе се спуштат, но утринските ќе останат над нулата. Во деновите потоа дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…