Временска прогноза за првиот јулски ден


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денеска, први јули, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец. УВ индексот ќе биде 9. Насекаде во земјата ќе биде активно жолто ниво за опасност од високи температури.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 39 Целзиусови степени, Маврово 27, Охрид 32, Битола 36, Крива Паланка 35, Берово 33, Кавадарци 41, Дојран 40.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, особено во северните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Дневните температури ќе се движат од 26 до 37 степени.