Home Актуелно Временска прогноза за последниот септемвриски понеделник

Временска прогноза за последниот септемвриски понеделник

Последниот понеделник за овој септември во Македонија носи променливо облачно време. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Стабилизирање на времето се најавува од среда.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14 степени, дневната од 15 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје температурата ќе се движи од 12 до 24 степени. Маврово 15, Охрид 19, Битола 23, Крива Паланка 20, Берово 19, Кавадарци 25, Дојран 26.

И утре ќе имаме променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни проследени со грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…