Временска прогноза за последниот септемвриски ден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последниот ден од месец септември во Македонија носи променливо облачно време, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен и западен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 20 Целзиусови степени, Маврово 13, Охрид 18, Битола 19, Крива Паланка и Берово 16, Кавадарци 21, Дојран 24 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува. Дневните температури ќе се движат од 13 до 25 степени.