Временска прогноза за последниот мартовски понеделник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последниот мартовски понеделник за 2021 година времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -1 до 6, а максималната од 9 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 18 степени. Маврово 9, Охрид 14, Битола 16, Крива Паланка 15, Берово 13, Кавадарци 19, Дојран 21.

Според УХМР, до среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Кон крајот на неделата температурите ќе бидат во пораст.