Home Актуелно Временска прогноза за последната априлска среда

Временска прогноза за последната априлска среда

Денеска времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне со повремен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 22 степена. Maврово 14, Охрид и Крива Паланка 20, Битола 20, Берово 19, Кавадарци 24, Дојран 25.

Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од утре.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…