Временска прогноза за 18. ноември


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, четврток, 18.ти ден од месец ноември, времето во Македонија во претпладневните часови носи услови за појава на магла по котлините и значителна ниска облачност, а во западните делови услови за слаб дожд, информираат од УХМР.

Вдолж пошироко Повардарие ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде од 8 до 17 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 14 степени.

Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе ги спушти дневните температури за неколку степени, а условите за појава на утринска магла ќе се намалат.