Home Шоубизнис „Врба“ на Манчевски на голема пролетна турнеја во Индија, САД, ФЕСТ, Порто и Софија

„Врба“ на Манчевски на голема пролетна турнеја во Индија, САД, ФЕСТ, Порто и Софија

Најновото филмско остварување на македонскиот режисер Милчо Манчевски, филмот „Врба“, ќе биде прикажан на претстојниот филмски фестивал во Бенгалуру, Индија, кој се одржува од 26 февруари до 4 март.

„Врба“ е во селекцијата со најуспешните филмови на изминатава година, меѓу кои оскаровецот „Паразит“ на Бонг Јон-Хо, „Болка и слава“ на Педро Алмодовар, „Офицер и шпион“ на Роман Полански.

„Врба“ пролетва ја продолжува фестивалската турнеја со уште четири познати европски и светски фестивали: ФЕСТ во Белград, Синеквест во САД, Фантаспорто во Португалија и Софија, Бугарија.

По светската премиера на „Врба“ на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година и по македонската премиера и киноприкажување од два и пол месеци филмот беше дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј и Талин.

На престојниот 48. ФЕСТ во Белград (од 28 февруари до 8 март), „Врба“ е во главната натпреварувачка програма, со првата проекција на 2 март, и уште две, на 3 и 4 март.

Од ФЕСТ, „Врба“ патува на 40. издание на Фантаспорто во Порто (од 28 февруари до 8 март), еден од 20-те водечки во светот, каде филмот ќе биде прикажан на 6 март во програмата „Недела на режисери“.

Во март, „Врба“ ќе ја има и американската премиера, во натпреварувачката програма на Синеквест, еден од најстарите и најреномирани фестивали во САД (од 3 до 15 март) во Сан Хозе и Редвуд Сити, Калифорнија.

Исто така во март, „Врба“ ќе биде прикажан и на 24 фестивал во Софија, еден од најголемите во регионот (од 12 до 22 март).

Изминатиов месец „Врба“ имаше премиера и во Нов Зеланд и доби награда за најдобар филм на камерниот фестивал за независни филмови во Велингтон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…