Home Актуелно Враќање на корените: Руските пратеници за службени потреби ќе мора да возат само автомобили од руско производство

Враќање на корените: Руските пратеници за службени потреби ќе мора да возат само автомобили од руско производство

Руската Дума едногласно го усвои предлогот во иднина народните претставници да возат само автомобили од руско производство додека се на работа или службено патуваат некаде.

Спикерот на Думата, Вјачеслав Володин објави дека пратениците од московскиот регион веќе почнале да ги заменуваат застарените службени возила со домашни брендови. Тој верува дека ваквиот потег ем ќе и помогне на домашната автомобилска индустрија, ем парите од буџетот ќе останат во земјата.

Минатиот месец Путин побара да се престане со државното купување на странски возила за државни службеници и функционери, инсистирајќи дека јавните службеници треба да возат само домашни автомобили. Следниот ден Володин одговори дека пратениците ќе почнат од себе.

Слична одлука во 1997 донесе Борис Јелцин кој забрани купување на странски возила за државни службеници. Две години подоцна Јелцин ја повлече одлуката по постојаните поплаки од функционерите дека возилата постојано им се расипувале.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…