Home Наука и техонологија Вон Гитин во акција: Вака „дрифтаат“ 900 коњски сили на славната „Нирбургринг“ (видео)

Вон Гитин во акција: Вака „дрифтаат“ 900 коњски сили на славната „Нирбургринг“ (видео)

Професионалниот адреналински возач Вон Гитин Јуниор со „ѕверот“ Ford Mustang RTR кој располага со 900 коњски сили, направи неверојатен потфат поминувајќи ја целата должина на легендарната тркачка патека „Нирбургринг“ од 20,7 километри со „дрифтање“.

Од Ford Motorsport изјавија дека дрифтањето на култната тркачка патека е забрането, иако постојат документирани докази за делумни дрифтови. Според нив, Гитин е прв кој ја има извозено патеката по цела должина со „дрифтање“.

Вон Гитин за овој потфат изјави дека истиот бил „за добра забава, а не за време“. Машината која ја возеше на моменти имаше развиено брзина од 240 km/h.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…