Спорт

Волфсбург ја прифати понудата – Милан носи големо засилување!

Пред неколку дена италијанските медиуми информираа дека левиот бек на Волфсбург, Рикардо Родригез се договорил со Милан, па останува уште клубовите да постигнат договор околку отшетата.

Родригез беше на мета на неколку европски гиганти, но „росонерите“ успеаа да ја победат конкуренцијата и договорија четиригодишна соработка според која дефанзивецот ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

Денес италијанските медиуми пренесуваат дека Милан постигнал начелен договор со Волфсбург и следната недела директорите ќе отпатуваат во Германија за да го финализираат трансферот.

Имено, Родригез имаше откупна клаузула од 22 милиони евра, но германскиот клуб ја прифатил понудата на „росонерите“ од 18 милиони плус бонуси.

Ова е второ големо засилување за Милан во одбраната после договарањето на трансферот на Матео Мусакио, а се очекува во наредните денови клубот од „Сан Сиро“ да го потврди и трансферот на Франк Кесие од Аталанта.

Advertisements
To Top