Бракоразводно бричење на суво: На сопругата мора да ѝ искешира 583 милиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лондонски трговец со нафта и гас мора да исплати 583 милиони долари на име на неговата сопруга, или 41,5 насто од своето богатство, во една од најголемите и најскапи бракоразводни парници во историјата на Англија, пренесуваат медиумите.

60-годишниот могул, чиј идентитет не се открива ниту објавува, ја запознал 44-годишната сопруга во 1989 година, во Москва, каде таа студирала, а се венчале четири години подоцна, пишува во бракоразводната документација од судот во Лондон.

Мажот роден на Кавказ своето големо богатство го заработил во рускиот енергетски сектор, продавајќи го во 2012 година својот акционерски удел во компанијата за 1,37 милијарди долари. Неговата сопруга (веќе бивша) е по поткело од Источна Европа, а во нивниот брак била домаќинка и се грижела за домашните обврски. Во 2000 година станала англиска државјанка и своите две деца ги одгледувала во Сари, јужно од Лондон.

Во пресудата стои дека таа изјавила оти имотот на сопругот вреден повеќе од една милијарда долари „е стекнат во долгиот брак со придонес за богатството од двете страни на семејството“. Таа додала дека куќата во Лондон ѝ е потребна за да биде блиску до своите два сина, а вилата на југот во Франција за да може да ги гледа нив за време на летните празници.

Судијата во рамки на бракоразводната спогодба на жената ѝ доделил и луксузен автомобил Астон Мартин вреден 300.000 фунти, како и збирка од модерни уметнички дела проценети на 90 милиони фунти.

Бившиот сопруг, кој има доживотна дозвола за престој во Британија, не ја оспорил одлуката на судот, но тврдел дека тој имал поголем удел во придонесот за семејното богатство од неа.