Home Шоубизнис Водителската бруталност на Рики Џервејс заради која во 2011 од „Златен глобус“ го ставија на црна листа

Водителската бруталност на Рики Џервејс заради која во 2011 од „Златен глобус“ го ставија на црна листа

Како водител по петти пат на церемонијата за доделување на овогодинешните награди „Златен глобус“, комичарот Рики Џервејс уште еднаш покажа бескомпромисност и непоштедливост во шегите со кои распали по славните филмски ѕвезди и по целата холивудска и телевизиска филмска продукција.

Во воведниот говор кој го одржа ги стави „на тапет“ и буквано ги отепа голем дел од присутните во свечената сала, како и дел од филмските продуценти и други славни фаци (некои од нив и починати) кои не беа присутни.

Но, оние кои малку повеќе се упатени во водителските бруталности на Џервејс, веројатно го паметат неговото „домаќинување“ на доделувањето на истите тие награди во 2011 година, после кое организаторите на „Златен глобус“ го ставија на црна листа. Очигледно, оттогаш се премислиле кога решија и во 2016, но и оваа година да биде прв човек на церемонијата.

Како и да е, од нас почит и длабок наклон до земја. Така се прави тоа, друже, без лажен срам и коректност. Еве го Рики „во елемент“ во 2011.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …