Во УЈП натрупан долг од речиси 163 милиони евра – должат граѓани, фирми и други правни субјекти


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според висината на долгот кон Управата за јавни приходи, на врвот од најновата листа со должници се наоѓа Те-То.

Речиси 2000 правни лици и 2515 физички лица должници се најдоа на црната листа на УЈП. Вкупната сума која ја должат граѓани, но и фирми за неплатен данок е скоро 163 милиони евра.

Закотвен на листата на второ место упорен е поранешната компанија за производство на автобуси на Мексиканецот со македонско потекло Ангел Кастиљо.

На листата се најдоа и фудбалски клубови од кои најголем должник е ФК Вардар со долг од 22,7 милиони денари. Следат ФК Металург со 3,3 милиони денари и ФК Беласица која должи 405.734 денари.

ЈП за одржување и заштита на магистрални и локални патишта, е сеуште прв на листата од сите државни должници и моментно неговиот долг е над четири милиони евра.

Македонската радиодифузија, општината Карпош, ЈСП „Скопје“, Водостопанство на Македонија, Агенцијата за цивилно воздухопловство се исто така на листата неплаќачи на данок на државата.

Должник и на оваа листа е кумановскиот тутунски бос Бајруш Сејдији.