Во Србиј, Црна Гора и БиХ, сепак, ќе мора со ПЦР


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според соопштението кое синоќа го објави македонската Влада македонски државјани низ регионот на Западен Балкан, поради наглото зголемување на бројот на заболени од корона вирусот, сепак ќе можат да патуваат само доколку поседуваат негативен тест на корона вирусот.

Во владиното соопштение се вели:

„Владата на Република Северна Македонија ги известува граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со ковид-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.

Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.

Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест”.

Соопштението беше објавено во 22.50 часот на интернет страницатга на Владата.

Претходно, владини претставници најавија дека од полноќ границите во овој регион ќе може да се минуваат без покажување на негативен тест за корона вирусот. Првиот вицепремиер Артан Груби изрази верување дека по полноќ нема да има проблеми при преминувањето на границите, а премиерот Зоран Заев изрази надеж дека граѓаните од земјите од регионот ќе патуваат само кога за тоа постои неопходна потреба.

Министерството за здравство на Косово вчера објави дека врз основа на реципроцитет граѓаните од Македонија ќе можат да влезат во таа земја без ПЦР-тест. Албанија пак, и во изминатите месеци не бараше тест за патници од Македонија, што резултираше со зголемен број на македонски туристи во таа земја во текот на летните месеци.

Владината одлука, како што е познато, беше донесена во договор со земјите од регионот.