Во случај да избие Трета светска војна – ова се најбезбедните земји за бегање


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со оглед на глобалната политичка ситуација, за многу светски аналитичари Третата светска војна не е така нереална ситуација. Во случај (скраја да е) да дојде до тоа, еве кои земји ширум планетата се најбезбедни за бегање таму, советува Express UK.

Гренланд

Гренланд е зависен од Данска, а политичките ставови им се доста слични. Данска е на второ место според Global Peace Index, но е дел од европското копно, па се смета за помалку безбедна зона од Гренланд.

Географската изолираност на Гренланд и неговата оддалеченост од континентот го прават доста атрактивна локација за бегство, за оние кои можат да ги поднесат тамошните ниски температури.

Чиле

На најјужниот дел од Јужна Америка се наоѓа чилеанскиот град Пунта Аренас, кој е максимално оддалечен од било која држава која има нуклеарно оружје.

Од Чиле, исто така, релативно едноставно може да се стигне до Антарктикот, што му дава висока вредност во случај на било каква глобална војна.

Исланд

Освен што се наоѓа на прво место од Global Peace Index, па веројатноста да биде нападнат е речиси никаква, неговата оддалеченост од Европа во овој случај му оди во прилог.

Поради високиот животен стандард во таа држава, Исланд не е лоша опција ни во мирнодопски услови.

САД

Иако веројатно постојат многу работи кои не ги знаеме за реалните вооружени сили на САД, исто така голема е веројатноста дека во земјата се наоѓаат многу бункери, засолништа и други заштитни безбедносни простории во кои можат да се кријат луѓето ако дојде до најлошото.

Нов Зеланд

Оваа држава главно се држи надвор од конфликти секогаш кога е можно тоа. Исто така, таа е посакувана дестинација бидејќи 50 насто од своајта електрична енергија ја црпи од хидроелектраните, така што и ако се отсечете од главниот извор на енергија, уште можете нормално да функционирате.

Поради природните богатства земјата е главно самоодржлива и поради тоа целосно независна од остатокот од светот.