
Жозе Мурињо ќе седне на кормилото на Интер на крајот на сезоната и ќе го наследи Лучијано Спалети, пренесува шпанскиот медиум „Дон Балон“.
Медиумот тврди дека ова лето ќе има голема „револуција“ во Интер, а покрај големите промени во тимот, на кормилото ќе седне Жозе Мурињо.
„Специјалниот“ е без ангажман после отказот во Манчестер Јунајтед и никогаш не криел дека е отворен да се врати во Интер, местот каде го имаше најголемиот успех во кариерата.
„Нероаѕурите“ првично беа заинтересирани за Антонио Конте, но на крајот изборот паднал на Мурињо и наводно недостасуваат сами мали детали од дговорот.
https://twitter.com/cmdotcom/status/1121752487457955840
Диего Годин сигурно пристигнува на „Џузепе Меаца“, а продажбата на Перишиќ и Икарди изгледа многу веројатна.
Се очекува миланскиот гигант да му даде на располагање солиден буџет на Мурињо и тимот да биде засилен со најмалку едно големо име.