Во пожар кој избувнал во подрумските простории изгоре дел од архивата на судот во Куманово


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Вчера, во текот на вечерните часови, во подрумските простории на Основниот суд во Куманово избил пожар кој ја зафатил една од просториите на архивата во која се чуваат старите предмети. За среќа нема повредени, а пожарот е локализиран.

Како настанал пожарот се уште не е познато, но според претпоставки на вработените најверојатно е старата електрична инсталација, но се чека истрагата да покаже што точно се случило. Министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски вели дека вштачки тимови од Скопје ќе прават увид за да се провери што точно е зафатено со пожарот

– Ние ги активиравме сите служби. Заминаа и началници и раководители од одделот за криминалистички и технички испитувања и вештачења од Скопје за да може да се направи увид и да видиме кои се причините и што точно е зафатено со пожарот. – изјави Оливер Спасовски, министер за вантрешни работи.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак денеска велат дека пожарот кој избува во кумановскиот суд е поради тоа што власта се подготвувала да замине и веројатно смета дека ќе успее да се сокрие криминалот.

Индикативно е што сега и периодот претходно се случуваат пожари и поплави во јавни институции каде што страдаат документи и архиви. Власта се подготвува да замине и веројатно смета дека ќе успее да се сокрие криминалот. Секој криминал, индиции за криминал, но и наводни несреќи и индиции за наводни несреќи и пожари и поплави по смената на власта ќе бидат детално истражени. Одговорност ќе има.

Инаку Во 01:20 часот мирис на чад и на изгорено почувствувал дежурниот судски полицаец, кој повикал екипа на ЕВН, како и пожарна и полиција. Пожарот за среќа не се проширил на останатите катови. Пожарникарите кршеле металните решетки за да влезат во просториите од задната страна на објектот и да дојдат до жариштето.

– Противпожарната единица на Куманово бележи интервенција во текот на ноќта на опожарени простории на зградата на Основен суд Куманово во 01:35 часот. Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е сè уште е на терен. – велат од РЦУК.

Во зградата на Основен суд Куманово се наоѓа и Јавното обвинителство и Народониот правобранител. Вработените утрово добиле пораки да не доаѓаат на работа, бидејќи нема услови.