Во најстуденото населено место на светот училиштата се затвораат само кога е постудено од -50 степени Целзиусови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Руското место Ојмјакон официјално е прогласено и признато за најсутдено населено место на светот. Ојмјакон веројатно е дом на најотпорните на студ деца на светот.

Замислете надвор да е -50 степени Целзиусови, а вие го праќате своето дете на школо како тоа да не е ништо посебно. Во Ојмјакон тоа е прилично вообичаено, бидејќи единственото училиште во руралната населба се затвора само кога температурите паѓаат под -52 степени Целзиусови.

Децата постари од 11 години треба да бидат уште поотпорни бидејќи остануваат дома само кога температурата паѓа под -56.

Просечните температури во овој дел од годината изнесува околу -50 степени Целзиусови, што значи дека учениците од сите возрасти треба да го издржат студот и да доаѓаат на училиште секое утро, пишува Одити Централ.

„Децата одат на училиште со своите родители, а често и со кучињата, додека учениците од другите села треба да одат со автобус. Возењето со автобус трае од 10 до 18 минути”, изјави неодамна за Сибир Тајмс локалниот фотограф Семјон Сивцев.

„Снимав околу 9 часот наутро на 8 декември и температурата беше -51 ° C. Колку беше студено? Морав да носам ракавици во кои не ми беше многу пријатно затоа што во спротивно прстите ќе ми смрзнеа, а јас можев да снимам само во многу во кратки интервали “.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Egor Burlov (@dekagosha)

Во декември, сонцето изгрева во Ојмјакон околу 10 часот наутро, па во 9 часот, кога започнува училиштето, надвор е сè уште темно и температурата е навистина ниска. Децата остануваат на училиште до 17 часот, приближно три часа по зајдисонцето, па затоа треба да се борат со екстремно ниските температури на пат кон дома.

Интересно, -50 степени Целзиусови не се смета за екстремна температура во Ојмјакон. Малата рурална населба е една од двете трајно населени места на светот што бележат температури под 60,0 ° C секој ден во јануари, а населбата има и споменик кој потсетува на најниската температура од -71,2 ° C од јануари 1924 година.