Од денес стапува на сила работното време до 18 часот за рестораните и кафулињата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од денеска на сила стапуваат усвоените рестриктивни мерки според кои угостителските објекти ќе затвораат во 18, наместо во 21 часот како досега. Овие мерки ќе важат до 21 јануари, додека траат новогодишните и божиќните празници.

Хотелите, пак, ќе треба да ги затворат своите ресторани во 21 часот.

Во сила останува забраната за организирање какви било прослави за новогодишните празници на отворен и затворен простор од страна на фирмите и јавните институции, а останува и забрана за собири на јавни места, како и за групирање на отворено на повеќе од 4 лица.

За новогодишната ноќ ќе биде забрането и организирање прослави и собири.

„Апелираме и препорачуваме да нема домашни собири за празниците. Да празнуваме одговорно заради сите нас“, апелираат здравствените власти.

Бидејќи се незадоволни од мерката која се однесува за скратеното работно време на угостителските објекти, Независната угостителска комора (НУК) најави дека денеска ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на нејзината уставност.

„Со оглед дека ниту премиерот ниту некој друг член на Владата не излегоа во пресрет на нашето барање за итна јавна средба отворена за јавноста и за учество на медиумите, очигледно Владата си поигрува и ја потценува моќта и општествената улога и влијанието на угостителите и угостителските работници кои секојдневно опслужуваат повеќе од половина милион гости во угостителските објекти ширум земјава“, наведува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски, во пресрет на поднесувањето на иницијативата.