Во Москва уапсени Кира Јармиш и Љубов Собол – двете најблиски соработнички на Навални


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, во близина на нејзиниот дом, во Москва беше уапсена Кира Јармиш, портпаролката на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални. Ова за медиумите го пренесе нејзиниот адвокат.

Претходно утринава беше уапсена и Љубов Собол, блиската соработничка на Навални, само неколку часа пред очекуваното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин во парламентот.

Апсењата на двете најблиски соработнички на опозицонерот Навални доаѓаат непосредбно пред најавените протести низ Русија, заради лошиот третман кон затворениот Навални.

Приврзаниците на Навални планираат да протестираат заради неодговорноста на затворските власти за влошувањето на неговото здравје во затворот, пренесуваат британските медиуми.

Навални во февруари беше осуден на две и пол години затвор за прекршување на условната слобода и беше уапсен на аеродромот веднаш по враќање од Германија, каде се лекуваше од труењето со нервниот агенс Новичок, лани во август.