Home Актуелно Во Македонија во моментов има 15.589 активни случаи на КОВИД-19

Во Македонија во моментов има 15.589 активни случаи на КОВИД-19

Според актуелните статистички податоци, на територијата на Македонија во моментов има 15.589 активни случаи на пациенти заразени со коронавирусот.

Скопската општина Аеродром и натаму е со највисок број заболени. Во Скопје има 7.114 активни случаи, а во цела Македонија 15.589.

Според вчерашните податоци, состојбата по општини во главниот град според бројот на активни случаи е следна: Аеродром 1.120, Карпош 979, Гази Баба 970, Центар 934, Кисела Вода 858, Ѓпрче Петров 588, Чаир – 424, Бутел 387, Илинден 174, Шуто Оризари 100, Петровец 68, Сарај 66, Сопиште 58, Чучер Сандево 48, Зелениково 38, Студеничани 36, Арачиново 16…

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 39.760, бројката на оздравени пациенти е 23.035, на починати е 1.136, а бројот на активни случаи изнесува 15.589.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…