Сончев ноемвриски понеделник


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Овој ноемвриски понеделник во Македонија носи сончево време. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 Целзиусови степени.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 15 Целзиусови степени, Маврово 14, Охрид 17, Битола 16, Крива Паланка 17, Берово 16, Кавадарци 18, Дојран 22.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 5 степени, а дневните од 14 до 20 Целзиусови степени.