Home Актуелно Во Македонија тестирано уште едно лица за коронавирус – резултатот е негативен

Во Македонија тестирано уште едно лица за коронавирус – резултатот е негативен

На Клиниката за инфективни заболувања и фебрилни состојби бил извршен тест за коронавирус врз уште едно лице. Резултатите испаднале негативни, пренесува Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска повикувајќи се на растечкиот број на ново заразени во европскиот регион информираше дека контролата на системот за заштита и превенција во земјава се подигнува на уште повисоко ниво со воведување на „здравствена локатор карта” за сите патници во авионите на „Wizz Air” од Милано и Венеција на скопскиот и охридскиот аеродром.

„Ова ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците. Тие ќе остават податоци за тоа на која адреса престојуваат и доколку во некое сценарио се јави некој патник по одреден број денови со симптоми, многу лесно е да ги лоцираме патниците, особено сопатниците кои седеле неколку реда зад и пред заболениот патник во авионот, како што налагаат препораките, потенцираше министерот Филипче“, информираат од министерството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…