Во Лондон доделени филмските награди БАФТА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шарлиз Терон, Рене Зелвегер, Скарлет Јохансон, Маргот Роби и други славни дами беа само мал дел од ѕвездената филмска елита која со своето присуство го збогати церемонијалното доделување на филмските награди БАФТА кое се одржа во лондонскиот Royal Albert Hall.

Познатите убавици дадоа се од себе за да изгледаат беспрекорно на црвениот тепих, но на крајот на вечерта не беа најважни нивните смели модни комбинации – имено, сите зборуваа за незгодниот пад на актерската легенда , 79-годишниот Ал Пачино.

Девојката Меитал Дохан (40) беше прва што му помогна. Пачино, иако со болна гримаса, брзо се исправи, мавтајќи им на фотографите како ништо да не се случило.

И наместо Бред Пит, кој не можеше да дојде во Лондон, наградата за неговата улога во „Беше еднаш во Холивуд“ ја прими Маргот Роби, која се шегуваше на сцената на сметка на кралското семејство.

„(Бред) Објави дека ќе ѝ го даде на оваа статуа името Хари … Тој е многу возбуден што конечно го врати во САД … Ова се негови зборови, не мои“ – рече актерката, алудирајќи на преселувањето на помладиот брат на Вилијам, принцот Хари и Меган Маркл.

Камерите во тој момент ги фатија Вилијам и сопругата Кејт Мидлтон како се смеат на нејзината шега.