Денес сончево со температура до 20 степени – утре ќе нè „пресече“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој прв февруарски вторник носи ненормално топло време за овој период од годината. Во Македонија денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Во вечерните часови почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми, ќе почне да дува засилен северен ветер и ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе преминуваат во снег.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 16 Целзиусови степени, Маврово 9, Охрид и Крива Паланка 13, Битола 17, Кавадарци 18, Берово 14, Дојран 20.

Утре времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Дневните температури ќе паднат – Скопје 3, Маврово -2, Охрид 4, Битола 3, Квадарци 5, Крива Паланка и Берово 0, Дојран 8 степени.

И во четврток и петоквремето ќе биде променливо облачно, студено и ветеровито со засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и дневни температури од -2 до 8 степени.