Во Каталонија: Роналдо ја освои „Balon de Messi“

Знаеме дека на релација Мадрид – Барселона постои сериозна нетрпеливост во сите сегменти, па каталонските медиуми на „ироничен“ начин го прокоментираа доделувањето на „Златната топка“ на Кристиано Роналдо.

Роналдо вчера и официјално ја доби четвртата „Златна топка“ од „Франс Фудбал“ во гласење во кое учествуваа спортски новинари од целиот свет. Португалецот, кој минатата сезона беше европски шампион со Реал и Португалија освои двојно повеќе гласови од Лионел Меси.

И додека мадридските медиуми „Марка“ и „АС“ егзалтирано ја прославуваат 4-та „Златна топка“ на Кристиано Роналдо, каталонските медиуми „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ одвоија само мал простор на своите насловни страни.

Интересно е што „Спорт“ во својот извештај објави наслов „Роналдо ја освои Balon de Messi“, алудирајќи дека „Златната топка“ е трофеј кој трајно му припаѓа на Меси, а кој повремено и неоправдано им се доделува на други фудбалери.

Каталонски „Спорт“ во својот извештај пишува дека Роналдо по никој критериум не ја заслужил оваа награда, освен што бил член на екипите кои ги освоија Лигата на шампиони и Европското првенство.