Home Спорт И Рома тргнува по Цеск Фабрегас

И Рома тргнува по Цеск Фабрегас

Цеск Фабрегас веќе подолго време се поврзува со трансфер во Серија А, а тоа конечно може да се случи во зимскиот преоден рок бидејќи за Шпанецот силен инетрес покажува раководството на Рома.

Лучијано Спалети го гледа Фабрегас како идеално засилување за средината на теренот и човек кој ќе и помогне на „волчицата“ во битката за Скудетото, па сака да го донесе на позајмица до крајот на сезоната.

Шпанецот оваа сезона е во втор план кај Антонио Конте, па Челзи е спремен да го пушти плејмекерот уште во зимскиот преоден рок, но не сака да го продава на друг клуб во Премиер лигата.

Конте пак сака да го искористи Фабрегас како адут за да дојде до дефанзивецот на Рома, Рудигер кој веќе подолго време е мета на Челзи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…