Во ИКЕА во Дубаи наместо со пари, можете да платите со време


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Светски познатиот шведски производител и ланец на продажни салони за мебел ИКЕА, во Дубаи, воведува можност за плаќање со времето кое купувачот го троши за да стигне до продажниот објект.

Иако на прв поглед изгледа дека производите ќе се добиваат бесплатно, ситуацијата, сепак, е поинаква. Колку повеќе време ви треба да стигнете до продавницата на „Икеа“, толку повеќе производи ќе можете да купите, пренесува „Форбс“.

„Купувајте со вашето време“ – е пораката која шведскиот синџир ја испраќа во светот, најпрво во Дубаи. Сè што треба да направите е на каса да ја покажете историјата на вашето движење на мобилен телефон која ја забележала апликацијата „Гугл мапс“. Тоа ќе биде доказ колку време сте потрошиле за да стигнете до продавница.

Иако во прашање е новина која се однесува само на „Икеа“ во Дубаи, во прашање е потег кој ги отвора вратите кон важни и радикални промени кога станува збор за купувањето и односот на потрошувачите кон брендовите.

Компанијата смета дека поради новите „монети“ купувачите почесто ќе доаѓаат во „Икеа“, ќе трошат повеќе време во продавницата, а со тоа и ќе купуваат повеќе.

Идејата зад овој потег е дека потрошувачите трошат многу време за да стигнат до продавниците на „Икеа“ кои најчесто се сместени надвор од градовите. За секој производ е воведена „временска монета“ во цената, чија вредност е формирана врз основа на просечната плата во Дубаи.

Оваа поволност, сепак, има и друга страна. Ако сакате да го наплатите времето кое го трошите додека стигнете до продавницата, ќе мора да ги предадете на „Икеа“ податоците за вашето движење.

Со други зборови, истакнува „Форбс“, во прашање е начин како да се направи нормална идејата дека во ред е да дозволиме некој да го следи нашето движење додека добиваме нешто „за џабе“.