Во Франција продолжуваат тензиите и немирите и пет дена после убиството на алжирскиот тинејџер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа беше петта вечер по ред откако почнаа немирите и хаосот на француските улици во протестите кои беа иницирани од убиството на тинејџерот со алжирско потекло.

Немирите беа со намален интензитет бидејќи десетици илјади полицајци беа распоредени во градовите низ земјата по погребот на 17-годишното момче Нахел од алжирско потекло во париското предградие Нантер. Немирите започнаа откако полицијата во вторникот смртно застрела момчето.

Синоќа, најтешки судири меѓу полицијата и демонстрантите имаше во јужниот град Марсеј, каде полицијата употреби солзавец и водеше улични битки со младите околу центарот на градот до доцна во ноќта.

Денеска ситуацијата е помирна од претходните четири ноќи, иако имаше одредена тензија во центарот на Париз и спорадични судири во Марсеј, Ница и Стразбур. Во Париз, полицијата ја зголеми безбедноста на знаменитата авенија Шанзелизе по повикот на социјалните мрежи таму да има за собири. Улицата, обично преполна со туристи, беше преполна со безбедносни сили кои легитимираа на самото место. Фасадите на продавниците беа забарикадирани за да се спречи потенцијална штета и грабеж.

Демонстрантите во јужно париско предградие упаднаа во домот на локалниот градоначалник и фрлаа ракети врз неговата сопруга и малите деца, соопшти полицијата.

Околу 719 лица беа уапсени во текот на ноќта, што е помалку од над илјада претходната ноќ. Министерот за правда Ерик Дупон-Морети рече дека 30 отсто од приведените се под 18 години.

Немирите се удар врз глобалниот имиџ на Франција на само една година од одржувањето на Олимписките игри и ќе додадат политички притисок врз претседателот Емануел Макрон.