Во „Државни патишта“ повисоки од просекот – еве колку се бруто примањата таму


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според годишниот извештај на независен ревизор, платите во Јавното претпријатие за државни патишта освен тоа што во 2019 биле далеку над државниот просек, се зголемиле дополнително за 4.700 денари по вработен, пренесува Фактор.

Бројот на работници останал ист и изнесувал 447 вработени, исто како и во 2018, но за истите биле поделени 25 милиони денари повеќе изминатата година.

Претпријатието кое гради магистрални, регионални и локални патишта прикажало околу 53.100 денари бруто плата по вработен, додека една година претходно таа била околу 48.400, за разлика од просечната бруто-плата на национално ниво која во текот на ланската година се движеше до 40.000 денари и се зголеми речиси незабележително.

Вкупните расходи за плати на вработените лани бил 285 милиони денари, или 25 милиони повеќе за една година. Во 2018 при ист број на вработени сумата била 260 милиони денари, а во 2017 овие трошоци биле 210 милиони денари, но тогаш имало само 386 вработени.