Home Шоубизнис Во декември премиера на документарниот филм за Шумахер

Во декември премиера на документарниот филм за Шумахер

Содржински исполнет со доста досега необјавени архивски снимки, во декември оваа година пошироката јавност, публиката и обожаватели ќе имаат можност да го гледаат документарниот филм посветен на седумкратниот шампион на Формула 1, легендарниот Михаел Шумахер.

Станува збор за досега необјавени архивски снимки и сведоштва на неговото семејство. Легендарниот германски возач беше тешко повреден на скијање пред шест години, на 29 декември 2013, што му предизвика проблеми со говорот и помнењето и парализа. Неговото семејство и портпаролите досега претпочитаа сè тоа да остане надвор од фокусот на медиумите, но се знае дека Шумахер сега се движи со помош на ортопедска количка.

Филмот под наслов „Шумахер” е во режија на германските режисери Михаел Вех и Ханс-Бруно Камертенс, а премиерата прво ќе биде прикажана во Германија и Швајцарија на 5 декември

Шумахер (50) во својата кариера победил во рекордни 91 трка. Од Формула 1 се повлече во 2012 година, со освоени седум шампионски титули.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…