Home Шоубизнис Бар Рафаели ќе го води „Евросонг“ во Тел Авив – Израел вели дека е борчлија 2 милиони евра

Бар Рафаели ќе го води „Евросонг“ во Тел Авив – Израел вели дека е борчлија 2 милиони евра

Планетарно славната израелска манекенка Бар Рафаели ќе биде водителка на овогодинешното издание на „Песна за Евровизија“ кое ќе се одржи во Тел Авив оваа недела. Но, нејзината татковина ја обвинува убавицата дека ѝ должи на државата околу 2 милиони евра поради затајување на данок.

Рафаели ќе мора да плати 30.000 евра судски трошоци, објави израелското Министерство за правда. Убавицата е обвинета дека не ги пријавува во целост своите милионски заработки во Израел и во странство. Супермоделот изјави дека во спорниот период од 2009 година, не престојувала во Израел.

Водителскиот тим на „Евросонг“ 2019

Таа наводно плаќала многу ниска наемнина за својот скап стан во Тел Авив, а луксузниот автомобил и бил даден за нејзината работа.

Бар Рефаели, освен со нејзината импресивна и успешна модна кариера на планетарно ниво, светска слава стекна и со љубовната врска со познатиот холивудски актер и заводник Леонард Ди Каприо. „Евросонг“ фестивалот ќе го води заедно со Ерез Тал, Аси Азар и Луси Ајуб.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …