Home Актуелно Во 68 отсто од секвенционираните примероци во ИЈЗ детектирана омикрон варијантата на коронавирусот

Во 68 отсто од секвенционираните примероци во ИЈЗ детектирана омикрон варијантата на коронавирусот

Министерството за здравство пренесува дека Омикрон сојот бил детектиран во 68% од секвенционираните примероци направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје.

Во периодот од 5-ти до 10-ти јануари од 152 позитивни примероци на Ковид-19 104 од нив биле со Омикрон варијантата.

Министерството информираше и дека новиот сој засега е откриен во 12 градови – Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен.

Анализите покажуваат и дека последнава недела за 51% е зголемен бројот на нови случаи со Ковид-19. Најголем број од заразените се лица на возраст од 30-39 години (27%), 20-29 години (24) и 40-49 години (17%).

Во период од една недела односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од 7 пати во однос на претходната недела.

Според извештаите од болниците моментално на територија на Северна Македонија хоспитализирани се 351 лице што е 41% повеќе во споредба со претходна недела, а зголемен е и бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците.

Од Министерството за здравство посочуваат и дека според епидемиолошките анкети најголем дел од пациентите имале контакт со позитивен случај 3 дена пред почетокот на симптомите или добивањето на позитивен резултат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 правила за животот на вашата мачка

10 правила за животот на вашата мачка Ако имате мачка како милениче, мора да го прочитате …