Home Вебкафе Во 4 години три пати му освоил лото премија

Во 4 години три пати му освоил лото премија

Тери Сплан освоил 100.000 долари на извлекувањето на 6-ти септември, на американскиот празник Денот на трудот.

„Неверојатно. Навистина е забавно да добиваш“, рекол Сплан.

Среќата првпат го послужила во април 2017 година, кога купил тикет за „Millionaire Bucks“ лотаријата во локалната продавница „Sam’s Mini Stop“ во Конкорд и тогаш за првпат освоил милион долари.

Две години подоцна, во март 2019, со ливче од лотаријата „150 Million Cash Explosion“, купено во истата продавница го освоил својот втор милион долари.

Во понеделникот, 6-ти септември, со неговото лото ливче купено за 20 долари, повторно во истата продавница, освоил 100.000 долари. По одземените сојузни и државни даноци дома се вратил со 70.756 долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…