Симовски тврди дека имало два хакерски напади поврзани со пописот – очекува помал број на населението од 2002


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, рече дека два хакерски напади се случиле откако е започнат процесот на попишување, едниот напад бил на самиот процес, а другиот на веб-страницата на Заводот.

„На веб-страницата нема податоци, па веројатно нападот бил со цел да се оневозможат граѓаните да ги следат нашите објави и информации. Досега имало повеќе напади на веб-страницата. Но, имаше втор напад на самиот процес на попишување, но и двата напади се успешно одбиени и не предизвикаа никаква штета“, рече Симовски во интервју за ТВ24.

Тој потврди дека и двата напади се пријавени со Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи и дека се работи на расчистување на случајот.

Симовски вели дека техничките предизвици што се случија во првите денови од почетокот на пописот се целосно отстранети.

Тој вели дека при воведување и користење на нова технологија е очекувано да има предизвици, но уверува дека проблемите се надминати и дека има доволно време пописот да заврши според планираното.

Тој информираше дека до вчера има попишано над 600 илјади граѓани од кои само во текот на вчерашниот ден биле попишани 100 илјади.

Првиот човек на Статистика очекува помал податок од последната успешна статистичка операција од 2002 година, но вели дека не сака да шпекулира.

„Има некои индиции кои покажуваат дека вкупната бројка може да биде 1.800.000 или 1.900.000 граѓани, но да не избрзуваме со прогнози“ – рече Симовски.