Во 17 секунди откриено како продуцентите на „House of Cards“ го откачија Кевин Спејси


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Френк Андервуд е официјално мртов, открива трејлерот за новата сезона на мега-популарната серија „House of Cards“, која од ноември ќе се прикажува без главниот актер Кевин Спејси кој го глумеше споменатиот лик, откако тој ја загуби довербата од продуцентите после обвинувањата за сексуална злоупотреба.

Трејлерот, кој од средата е достапен на Netflix, ја прикажува Робин Рајт, актерката која го толкува ликот на сопругата од Андервуд (Спејси), Клер, како стои покрај гробот од Френк Андервуд и изговара неколку зборови лишени од емоции.

Во најавното видео нема назнаки за тоа како починал Андервуд, но Netflix објави дека шестата и последна сезона од серијата ќе се фокусира на перфидниот карактер на Клер Андервуд, која стана претседателка на САД во петтата сезона.

Продуцентите на „House of Cards“ минатата година му откажаа соработка на Слејси, откако над 30 лица го обвинија за сексуално малтретирање.

Шестата сезона од серијата ќе почне да се прикажува на 2 ноември. Ќе се состои од осум епизоди, а не од 13 како претходните сезони.