ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира со барање да се стави на увид документот за кој Владата преговара со Бугарија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Утре, во периодот од 15 до 17 часот, ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира со барање од премиерот Зоран Заев и од специјалниот претставник Владо Бучковски да го стават на увид документот за којшто преговараат, а за којшто опозициската партија се сомнева дека содржи елемнти кои се однесуваат на посебноста на македонскиот народ, култура, традиција, обичаи, македонскиот јазик и антифашистичката борба.

Затоа лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски денеска на средба со новинарите апелираше на масовност на барикадите, за тоа што, како што рече тој, македонската нација заслужува одбрана во овој момент.

Освен до народот, Мицкоски и’ се обрати и на Европската унија на која, меѓу другото и’ порача дека македонскиот народ заслужува почеток на преговорите без дополнителни притисоци, со оглед на тоа, како што рече тој, овој народ го направил за Европа во минатото, и тоа што овој народ го направи за Европа во поблиска иднина.

Мицкоски, меѓудругото, потврди дека имал средба со претседателот Стево Пендаровски за којшто, како што рече тој, чувствува дека и тој е против, во преговорите да бидат вметнати елементи од Бугарската декларација. Мицкоски уште кажа дека до сега три пати барал од Заев да се изгласа контрадекларација но бил одбиен под различни изговори.

Протестот ќе биде во периодот од 15 до 17 часот на три локации во Скопје и во 10 други градови низ Македонија.