Владимир Егоров стана европски шампион во борење – уште едно европското злато за Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Русинот со македонски пасош, Владимир Егоров се закити со златен медал на Европското првенство во борење во категоријата -57 кг.

Егоров попладнево во финалето го победи Алијабабас Рзазаде со убедливи 10:0. До големиот успех Егоров ги совлада уште и Никлас Штехеле во четвртфиналето и Манвел Хнџрстјан во полуфиналето.

Борбата за златниот медал можеше да се следи на градскиот плоштад во Штип, а љубителите на борењето ја прославија победата на Егоров кој во интерсна борба се искачи на европскиот трон.