Home Спорт Владимир Егоров стана европски шампион во борење – уште едно европското злато за Македонија

Владимир Егоров стана европски шампион во борење – уште едно европското злато за Македонија

Русинот со македонски пасош, Владимир Егоров се закити со златен медал на Европското првенство во борење во категоријата -57 кг.

Егоров попладнево во финалето го победи Алијабабас Рзазаде со убедливи 10:0. До големиот успех Егоров ги совлада уште и Никлас Штехеле во четвртфиналето и Манвел Хнџрстјан во полуфиналето.

Борбата за златниот медал можеше да се следи на градскиот плоштад во Штип, а љубителите на борењето ја прославија победата на Егоров кој во интерсна борба се искачи на европскиот трон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…